сила (имн.) - ќе (чест.)

„Глуви уши ќе повикуваш, оти гласот ќе ти секне, а силата ќе ти одлета!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Главната сила ќе удри на северниот крај на селото откај гробиштата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да беше било така лесно и арно свикувањето на конференција, и сега ќе имавме друг начин за третирање на нашите работи и наместо Европа да ги остави Русија и Австрија да го решаваат нашето прашање – сите европски големи сили ќе сакаа во него да играат еднаква улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од јужната страна ќе се јават стотина востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку години што му направи кај Сивета во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Големите сили ќе ѝ поможат на Турција да се оддалечат сите неправини за македонските народности од националните и верските пропаганди и да се обезбеди нивното самостојно постоење и развивање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сметал дека левите сили ќе создадат атмосфера во која дискусиите по прашањето на границите ќе бидат можни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Порано или подоцна тоа ќе се случи, силата ќе се претвори во свест.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од своја страна Влавијанос сметал дека "демократската атмосфера нема автоматски да ги реши проблемите", но сметал дека таа атмосфера би создала подобри методи за нивно решавање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)