сено (имн.) - и (сврз.)

Потоа зафатија силни ветрови да дуваат и го спотераа дождот; дуваа од сите страни, дуваа и од височина, се креваа и од земјата, налетуваа во бранови со прескокнување, со бучење, со завивање; ги витлеа короните на дрвјата, носеа со себе откинати гранки, валми сено и лисја и сѐ што можеа да соберат; носеа и сламени покриви од плевните, ги тресеа прозорците на куќите и втеруваа страв и во луѓето и во добитокот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го остави подолго време добитокот надвор, убаво ја исчисти кошарата и во чест на јужниот ветер, говедата и овците, покрај зголемената дажба од сено и царевиње, добија и десетина грсти крма.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Елена ги виде уште кога дојдоа, но се пикна во плевната, ја затвори вратата, легна врз сеното и го зеде дневникот в раце. Беше лута и навредена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Главчето сега се посегна кон купчето сено и Змејко можеше да го слуша карактеристичниот звук на џвакањето што го имаат сите копитари.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога беше готов му извади на јаренцето сено и му го посоли со едната рака одвај; немаше ништо друго за да му даде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето, не забележувајќи ја неговата будност продолжуваше да се пресега по една сламка од сеното и потоа долго ја поземаше со својата уста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега во дворот, во таа наголемена половина поцрнета тепсија, бевме собрани сите што се мислевме како гости на домаќинката: Арсо Арнаутче, Сандре Самарија, Никифор Ганевски, Онисифор Проказник и Орлен Шумков: Никола Влашки продолжи да спие во плевната а јас стоев зад недоплетен кош и се сеќавав на летните топлини и на благото бранување на 'ржта во предвечерните времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни по првите ѕвезди не се стемнуваше. Онисифор Проказник праша за добитокот, дали е носен на пасење, дали има сено и дали е напоен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ е запалено и сѐ е сено и слама. И барут.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)