сено (имн.) - во (предл.)

За овцата, која беше изнемоштена, ослабена, Бојан смеша малку трици со сол и додека другите овци ги собираа грижливо остатоците од сеното во јаслите, тој го крена малото јагне и го пренесе во кошарата. Блеејќи, овцата одеше по него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И житото зрело со златесто класје, и амбарот полн со јачмен и овез, и кошот го сакам со пченкарно зрно, и сеното во стог, и слама во копа..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Доктор Коста и инженер Александар останаа да лежат врз сеното во плевната и да молчат, секој со свои грижи и мисли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го нареди сеното во нив и појде да ги прибере овците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега Битола, со своите сто и дваесет илјади жители, беше станата стог сено во којашто секој поединец не беше баш игла ама не беше ни поголем од шајка во таа огромна грамада надојдена од селата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа ги пушти и говедата. Додека тие пиеја вода и се бавеа, изненадени од снегот, преку кој и тие не се решаваа да загазат, Бојан им фрли малку сено во предниот дел од тремот, оставајќи ја вратата отворена, сами да се вратат и да влезат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мачејќи се да заспие, превртувајќи се во шумкавото миризливо сено во плевната, Бојан си мислеше: „Утре рано, морам да ја изненадам Елена!“ ***
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)