село (имн.) - кон (предл.)

И додека низ селото кон положаите се влечкаа телефонски жици и се копаа ровови по планините, луѓето исплашено издивнуваа: - Ах, ако дојде до војна, селово ќе го снема...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Некогаш насилната миграција од селото кон градот остави тешки последици врз развојот на земјата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бојан се надеваше дека снегот ќе престане, а потоа ќе долета јужен ветар, па за ноќ, две ќе го преполови, и ќе го отвори патот од селото кон планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За да ги одбегне стапиците поставени од надлежните органи, четата тргнала пеш од Софија, преку Витоша и радомирските села кон границата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Трајче грабна еден сандак и тргна под селото кон дабовите.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А тој се криеше во грмушките крај патот што води од селото кон полето или крај патот што води за во планината, зашто знаеше дека тука мора да поминат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)