село (имн.) - се (зам.)

Плачовите низ селото се носеа сѐ уште и Неда црна крпа пак од главата си фрли, повтор косата ја пушти, а плачот стана толку јак, - „Малодушни земјоделци, излезете од дворов!" - им викна мајката со гнев.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во повеќе македонски села се формирале партизански одреди кои настојувале да се вклучат во единиците на ЕЛАС.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И седенките, кога чупите од село се собираа и со шега и песна плетеа чорапи, фанели, капи, нараквици и малини, а беќарите - мајтапчии, вртејќи синџирче на прст, ги задеваа оние девојки кои имаа фрлено око. И тоа беше дома...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Целото село се радуваше со нив. Голема севда, радост!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Силно поводие надојде одгоре од планиниве, долот рикаше селото се тресеше, повторно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Братучедите се погледнаа, се пристеија дека по село се зборуваше оти попот в црква никој не го разбира зашто немечки пеел, велеа селаните. Попот Брезничанец, ама грчки учен.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Навечер луѓето од селото се собираа во слаткарницата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Целото село се собра кај каменоломот да види како ќе се врши проверката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
I Куќите од селото се раштркани која каде: едни крај езерото, други крај реката што слегува од планината и тече низ селото; реката е суводолица: лете коритото е празно, исушено, како оглодана риба; во пролет и есен водата надојдува, плави, луничи, бучи преполнувајќи го коритото и влечкајќи со себе сѐ што ќе најде по патот, се разлева, ги подлокува трапчињата, сокаците, ги урива мостињата и плитарите од плевни и кошари и ги влечка со себе растурајќи ги во езерото каде што се влива; луѓето трчаат по реката и си ги собираат во езерото однесените работи: греди, штици, каци, ношви, буриња, кошови, сандаци, и по некоја живинка што не се удавила; вртат со чамци, ги собираат или ги туркаат кон брегот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како што беше вистина и онаа пролетна утрина, додека на горниот крај на селото се собираше тајфата печалбари пред заминување, а тука беа и тапаните, веднаш тука, на ледината крај патот и младичите го играа Тешкото околу нив, а тој беше со татка си скраја и мајка му молчеше крај нив со црвени очи; тој беше накитен со низалки костени, јаболка и по неколку ореи, првопратено, додека мајка му му шепнуваше „Змејко сине“, а тој можеше да види како му се стегаат на татка му вилиците и како сите мускули набабруваат и се скаменуваат под поцрнетата кожа на неговото лице, исто онака, како кога беше многу лут татко му, но Змејко сега можеше добро да знае дека тоа не е од никаква лутина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Баба кажуваше дека некои момчиња од нашето село се искачиле до таа ливада.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ЦРКВИЧЕТО - едно за трите крајезерски села се исполни за вечерна богослужба.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Останала зачудена и не видела, а ни тој, дека разговорот им го слуша легнат под сенка на дуња Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прашала бара ли да му плати заради тоа што го носел товарот од половината на поточето стрмоглаво упатено од лесковата гора кон неголемото село, на она патче по кое некогаш, според Доце Срменков, се спуштил светецот Гаврил и ја соѕидал од камен, земја и пот првата лесковска куќа, лесковска зашто некогаш заради лесковите шуми селото се викало Лесково.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ко некогаш не е во моето село, - снопје да се чукат со лескови вили, - растат нови луѓе, иде нова смена, - ко в приказна чудна селото се мени!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Веќе се најгоре, на самото теме на тумбата и токму помислува Пелагија дека тука на оваа највисока точка дедо Костадин заслужува да биде закопан, кога поворката запира пред веќе ископан гроб, а од средината на селото се огласува големата камбана.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Значи селото се местело на три локации, и секојпат или некое било меѓу првата и втората локација или некој трап, важно не се бегало далеку, се останувало во еден синор.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Селото се прогледа како тепсија и Османлиите можеа да видат како од секоја куќа излегува густ дим од оџаците, а на сред село голем собор од луѓе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во бројот од 11 август 1959 година атинскиот весник „Катимерини“ вака напиша: „Во селото Атрапос18, Леринско, се одржа свеченост на која жителите од селото се заколнаа дека во иднина веќе нема да зборуваат на нивниот словенски дијалект.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Целото село се сјати да оди да види што чудо се случило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пред селото се разделивме претпазливо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Со трчање се упативме кон „Жандармерискана“, што се наоѓа онаму, на она место каде што патот од селово се здружува со џадето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Цело село се чеша, се дрпа под пазуви, под ракави, ама никој не кажува одошто се дрпа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И в село се чу пукањето, ама војно време, си отрпнат, наглув.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двапати го продаваа и пак се враќаше дома. Од преку седум села се враќаше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дуко Вендија бега во ноќта и селото се затвора, се заклучува. Ги гасне кандилата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)