село (имн.) - се (гл.)

- На која страна се В`мбел и Смрдеш? – ја прашав пред да го пречекори прагот, знаејќи дека тие две села се соседни, а жителите многу роднински поврзани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во политичката анализа за расположението на народот во Македонија, тој ќе истакне дека „поголемиот дел од цивилите ги имаат почувствувано ударите на војната и сега се подготвени за формирање сопствена влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На еден умри му, на друг, на трет, речиси половината мажје во селото се вдовци, а вдовици десетина ја има, ја нема.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа е реткост во оваа индустријализирана земја и земја на оранжерии, во кои се одгледува цвеќе и зеленчук. Селата се врзани со градовите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Власите и нашиот народ се разликуваат по јазикот, носијата, карактерот, така што никојпат Власите не можат да претендираат на наши села; исто така никојпат ние не сме кажувале оти влашките села се наши.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивните села се концентрација на нечистотија и сиромаштија, дури и во поголемите села во долините каде што луѓето се во многу подобра ситуација".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)