селанец (имн.) - кој (зам.)

Дури почна да им заповеда на селаните кој што да работи, што сака од секого „светијата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имено, гледајќи како калуѓерите од различни тревки прават лекарства за себе и за селаните кои доаѓаат да бараат помош од нив, еднаш се запраша зошто бог кога ги создал луѓето не им ги открил и лекарствените тајни на билките?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На 4 октомври 1943 година морале да го напуштат селото на барање на селаните кои ги предупредиле на германското присуство во селото.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Пријателите и роднините, како и селаните кои го поддржуваа Китан, му идеа на честитање на Китан и со веселба прославуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги наоружувал и селаните кои соработувале со партизаните, но на нив оружјето им го наплатувал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да не се селаните кои често ни се селат в град, оти законите нешто станаа помеки, да не се тие, ќерко, простите селани што ја зачувале верата и јазикот, алот ќе ни е за никаде. Затоа многу да не се кошкаме едни со други.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го масакрирале и добитокот и селаните кои се обиделе да ги запрат.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сите наши соседи, кој како знаеше, си купија козичка од селаните кои имаа по две-три кози, некои дури и стада.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
По опоравувањето од операцијата, кала се врати в село и нејзината куќа постојано беше посетувана од селаните кои беа љубопитни да го видат детето што има запче, а и да дознаат поподробно за оној редок скаменет плод што ѝ го извадиле од неа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ама јас мислам дека бомбата ја фрлиле селаните кои чувале ноќна стража.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)