селанец (имн.) - го (зам.)

Се разнесе грмогласно „ураааа!“ од четиристотини грла и залпови од пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И навистина таму беа комитите, во „балкана", ама во кој „балкана" Турците сакаа да знаат и да ги најдат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа селаните го пренесоа едни на други и за да не јадат бој скоро сите одговараа дека има комити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ете, види, ефенди29), - одговори Доне, - ориз носам, ориз! Бел кочански ориз.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во тоа време скришно се пренесуваше контрабанден тутун, кој селаните го викаа “качак“.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Четирите благунови столбови што веќе беа исправени беа избричени од еден даб што селаните го пресекоа горе во коријата над манастирот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога селаните го осетиле огнот и отишле да видат, нашле само пеплиште од кое после ги присобрале коските и во еден гроб ги закопале при влезот на црквата, така подзастануваше и се прекрстуваше пред гробот на семејството на Герман Љушков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А кога селаните го истерале и грчкиот поп клепалото една година не удрило ни за Света Петка и беше молкнало сè додека Петре Питропот не се вратил од Влашко и не ги презел црковните работи во свои раце и во својата суредба.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога селаните го кутнаа, го искафтија и го изделкаа четворно, рекоа дека ќе го бричат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Старците му повториле сите зборои што беше 'и рекол орачо, арно ама царот неќел да му 'и кажуат збороите како што се рекле помеѓу стариот и царот, ами да му 'и толкуваат што било реч по реч.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Селаните го прашале: - Као стори така? Пак стана?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ами двата коња ти што имаш - те ризаат барем троа за тоарот да ти го носат? - му рекол царот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Утредента селаните го најдоа мртвото тело на арамијата, а неговиот бес што умира беспомошно го видоа во јатаганот: во претсмртниот час успеал да го закопа дополу во меката земја на ливадата на Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А она нејзино триумфално влегување во ослободеното градче, качена на бел коњ, на чело на партизанската единица, селаните го прокоментирале со поругата: Слушнавте, носот ѝ паднал, ама не слегла од коњот да си го земе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)