секунда (имн.) - пауза (имн.)

По одјавната шпица на ТВ „Дневникот“, пријателките пред телевизорот си дадоа триесетина секунди пауза, корисна и за мене, заинтересираниот слушач во соседната соба, исто така седнат пред екранот, но оној на компјутерот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Совршени се солзите после тие груби зборови кои ја параат тишината, но можеби времето ќе ги избрише сите грди лузни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Совршени се тие неколку секунди пауза по незадолжителните разговори кога крадешкум ќе се погледнеме и ќе го почувствуваме мирисот на самото постоење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- И? - И смислив. Ајде, ќе направиме штих проба. Земав десетина бомбони. Ги навлажнив со плунка и ги наредив. - Врз мравките: - Не, во тоа е фазонот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)