секунда (имн.) - време (имн.)

Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа знаеше од своето патување во 1973 година, дека таму, во родната земја ти ја јадат секоја секунда време како што не можеш да си замислиш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За дел од секундата времето во универзумот застана, кога погледите од длабочините на душите на двајца смртници во кулоарите на хаосот и хармонијата се претвори во вечност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)