секавица (имн.) - го (зам.)

Над манастирот крај Бело Езеро беснееше силно невреме: секавици го параа езерото и цела вселена рикаше како рането животно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И се буди библиотекарот Филип Филиповски тешко, мачно, сосем излекуван од тешките депресии поради поплавата во Библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
5. Три месеци отец Ангелариј потајум ја оставаше навечер портата од манастирот отворена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гаснат убавите очи на светецот загледани во најубавото, разбеснето небо, гаснат очите додека првите секавици го шаркаат намуртеното, разбранувано езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бијат ровјата, ја подготвува својата кола, грми, небото се тресе, огнени секавици го сечат сводот со силен пукот, фрла огнени стрели по ламјата...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Стана, ја запали лојаницата и започна да го тресе заспаното тело на отец Ангелариј.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Овој скокна од постела и долго гледаше во отец Лаврентиј, немо, изгубено и преплашено.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)