сегашно (имн.) - време (имн.)

Тука сме - во изминатото време, Време без луѓе, без куќи, тука сме во сегашното време без живот, само ледина и јата гаврани.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прустовски како да сакаше од вкусот на жамбонот и свежиот, крцкав багет во устата, да го поврати некогашното париско време, но тоа најмногу му успеваше кога ги прелистуваше книгите, губејќи ја во тие мигови претставата за времето, наоѓајќи се час во поранешното, час во сегашното време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но немав доволно сили да ги повратам сите димензии на истеченото и сегашното време, при доближувањето дома.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пресудно е како да нѐ префрлат во сегашното време, во иднината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Смислата на каталогот Ла Ринашенте излегуваше, со своите живи значења, надвор од Татковата библиотека, надвор од просторот и од сегашното време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Интересна карактеристика на францускиот превод е изборот на сегашното време.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)