свиња (имн.) - се (зам.)

Ако не си знаел, ќе ти кажам. Дивите свињи се дебелеат од мрша. Не си ги јадел. Утре тие ќе те лапаат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но свињите се загнаа по нас, живи ќе нѐ јадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој ги знаеше и сите млаки каде што можеше да биде задржан тој, а знаеше дека во вакво време дивите свињи се хранат со корењата, што ги ископуваат по тие млаки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Слушај“, рече игуменот, „ајде овците и свињите се изеле, ами каблите лозје, каблите земја?“ „Отидоа“, кратко одговори Бајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од свињите се забрануваше и сапун да се прави, се забрануваше и на кучињата да им се фрлаат, се закопуваа длабоко в земја или се спалуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
МИХАЈЛО: Пак нема да ми зборувате денес? (Пауза) Свињата се фрла од ѕид во ѕид. Ѝ дадов да јаде. Ќе се менува времето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)