свеќа (имн.) - запален (прид.)

Како четврто: ќе можев своите гости да ги пречекувам на тераса, и ниеден пријател од детството нема да се исплаши од празна рамка за слика, обесена на ѕидови кои се приближуваат, толку многу што ќе сака панично да побегне, уништувајќи патем фин сервис за кафе и нова мирислива свеќа запалена во чест на неговата посета...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Значи, обожавам излети, па да се оптегнам на ќебе и со деца фудбал на голчиња направени од двете влечки да се разиграм боса, па скара и салатичка во леген за со ж’та (во мојот случај лимонада)и сѐ така до крајот на денот со свеќа запалена во манастирот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А над неа снаата и внуката - небаре свеќи запалени, горат - ќе догорат, ќе се стопат, ќе изгаснат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Јас молчам и горам ко свеќа запалена под некој голем црквен трем.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без - Господи помилуј, Вечнаја памјат, без пченица, вино и свеќи запалени - на земјата да ѝ го предадат она што ѝ припаѓа - да ги прошират гробиштата!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)