светулка (имн.) - кој (зам.)

Таа беше окупирана само од светулките и од ѕвездите и прашуваше дали можеби тие што светат на небото се исто така светулки кои успеале да одлетаат многу високо и дали, ако внимателно се загледаме во нив, ќе успееме да згогледаме некое мало тролче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Црвеношијки, златошијки, врапчиња беа вгнездени и доаѓаа во грмушките; верверички и шарени верверички се искачуваа и спуштаа по гранките на дрвјата; ласици скокаа од ѕид на ѕид; млади крастави жаби потскокнуваа во воздухот за да уловат инсекти, и неотровни змии посегнуваа по краставите жаби; бубачки и инсекти брмчеа на сонце; а ноќе воздухот шушкаше од ноќните пеперуги кои со своите крилца удираа во прозорците, во месечевите и запурничави ноќи атмосферата светкаше и танцуваше со милиони трепкачки фосфоросцентни светулки кои на местото му даваа небесен изглед.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Јас се обѕирав наоколу и почнуваше да ми станува сè повеќе страв, а најмногу ме плашеше тоа што не бев сигурна во кој правец е нашата куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Притоките на опулот му довстасуваат и до Езерото над кое старото небо добива нов сјај.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)