светлина (имн.) - не (чест.)

Светлината не е константна туку трепка како што трепка огнот под неа, но подобро некаква светлина одошто неикаква па да се ризикува да се вклучи градската струја и целот град да се запали носејќи ги животите на сите. Но не е проблемот во тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
За збор убав навидум победа слави, но светлина не може тука да блесне, за туѓи интереси, за неверни томи, за соништа затвора помин.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Светлината не можеше да стигне далеку, зашто бунарот се чинеше без дно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Облаците не се сферични, планините не се конусни, брегот не е кружен, кората не е мазна, светлината не патува право“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Можеби светлината не ќе се врати, но излезот до белиот свет е тука некаде.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)