свет (имн.) - сме (гл.)

Спрема тие светови сме недоверливи, како што сме недоверливи спрема сè вештачко и спрема целата уметност.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кон тие светови сме недоверливи, зашто сме и инаку недоверливи кон сè што е вештачко и кон уметноста.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Понатаму, во светот сме познати со Средбите на поезијата - сите го гледаат настапот на поетите од целиот свет на завршната вечер - Мостови - и токму за реката Дрим сакаме да ви соопштиме.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Не дека посебно настојував, така ми идеше денот со него да го започнам со мали нежности, со божем случајни допири, со детинесто поставени прашања на кои самата си давав благоиронични одговори по што брвнував во смеа, на што тој ќе речеше - денес да се плати струјата или така нешто, и ќе ме оставеше да стојам со отпуштени раце во ходникот додека звукот од лифтот не ми потврди дека веќе е долу, и дека треба да се чека дури утрешниот ден за нов обид за остварување на онаа блискост што се сведува на радост што ете, на овој свет сме заедно, оти она што повремено нѐ зближуваше ноќе, беше само страст, дива и мрачна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
XV Речиси нема човек кој не заборава дека на овој свет сме дојдени по чиста случајност.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)