сведок (имн.) - дека (сврз.)

Останува писанието да биде единствениот сведок дека некогаш сум бил. Ако сум бил.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па така, неодамна, една моја пријателка, тргната на свадба во договорот со мајка ѝ, во неврзан муабет одеднаш станала сведок дека на времето кога самата била невеста, при прегледување на материјалот снимен на „ВХС“ лента, мајката си забележала во тефтер кој со што дошол на свадбата и колкумина биле присутни, демек колку порции изеле на неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„О, и вие светци околу нас, бидете ми сега сведоци дека, еве, баш денес, на ова свето место, ќе ја кажам тајната што ја чував во себе заклучана.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Марија, ќе убијам, говорев ноќе по твоето бегство, се колнев пред онаа киклопска глава повикувајќи ја како сведок дека ќе си достојам на зборот, дека еднаш ќе замавнам со нож на некого и дека со бел отров во очите, како оној во детството, само со очните белки, ќе испитувам дали крвта личи на сок од малини или е грев на мракот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Јас имам и сведок дека минало нешто, рече.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Како течеше тој разговор помеѓу вас? Ќе го опишеш? - Беше многу обичен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури останав со впечаток дека на мајка ми и се допаѓаа нагиздените тврдења што беа можеби и измислици на таа зла жена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, токму приказната на Огнена Гулева беше поттикот истиот ден вечерта, кога се вративме со мајка ми од градот, надвор, покрај коритото со сончева вода, да водам долг сериозен разговор со татко ми Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самиот бев сведок дека таа безизрано го следеше она бесрамно трупање на многубројните детали сврзани со приказната од страна на Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И самите сте сведоци дека беше тешко да се одреди степенот на вината на секој поединец во врска со сè она што не мораше да се случи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Останува сигурно само тоа дека јас сум сепак со уверување оти егзекуцијата е извршена.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постојано повторуваше оти Бог му е сведок дека никому зло не сторил па нема зошто да бега!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Господ ми е сведок дека та нема да го сторам. Ни тебе нема да те заборавам, ништо...
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)