сведок (имн.) - во (предл.)

Ако сторителот доброволно го отповика својот лажен исказ пред да се донесе правосилна одлука, може да се ослободи од казна (чл. 367, КЗ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој што со закана дека ќе напад- не врз животот или телото или имот од поголем обем, со нудење поткуп, со попречување или на друг начин влијае некое лице да се појави или да не се појави како сведок во постапка пред суд или во управна постапка, или ако е повикано како сведок да даде или да не даде исказ во определена смисла – ќе се казни со затвор од една до три години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По недобивање одговор на овој поднесок, во мај 2008, поднесена е тужба до надлежниот Битолски основен суд – по основ на надоместок за извршена работа во износ од 19.900 МКД (325 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Токму по негова препорака, тие изготвуваат писмена Опомена пред тужба и ја праќаат по пошта до подоцна тужениот работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За времетраењето на целиот судски спор Мушаланов одржуваше контакти со наведеното овластено лице, при што во еден сосема друг спор на истата Агенција против друга компанија – за ненаплатено побарување – тој (Машаланов) беше викнат дури и како сведок во корист на матичната Агенција, за период кога тој беше работно ангажиран.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако ја прашате сигурно ќе ви одговори дека сосема ништо не и значи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Многу пати отворено ми има наговестено дека не претпочита улоги на сведок во утврдувањето на тугите слабости.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем, нејзе, што може да ѝ значи податокот за татко ѝ, дека размислувал гласно?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
1. На мојата работна маса цел куп книги и фасцикли со исечоци од списанија и весници, извадоци од архивски документи и од објавени мемоари на политички и воени челници од двете завојувани страни во граѓанската војна во Грција, селектирани белешки од фалбаџиски топорења, измислувања, лаги и кодошења и во одделни коверти белешки од обични, простосрдечни раскажувања на живи учесници и сведоци во кои се сочувани најавтентични доживувања од времето кое како лишај и лош сон е залепено и врежано во нивните и наши спомени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)