сведок (имн.) - кој (зам.)

Времето нека биде сведок кој на кого пред нос му затвори врата. Кој беше вера, а кој невера!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
При тоа ги приведе и сведоците кои кажаа дека куќата била здрава пред да почне Танаил да употребува екслозив.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да биде иронијата поголема, беше одбиено и неговото барање за делумно ослободување од судски трошоци т.е. од плаќање судска такса,6 затоа што и тој и неговата сопруга, со која имаат две малолетни деца, се невработени и во тешка економска состојба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во својата контроверзна одлука судијката го отфрла сведочењето на единствениот сведок кој и беше директен учесник во настанот, на база на соседски и пријателски однос меѓу него и Јакшиќ, а го прифати сведочењето на надзорникот кој беше и единствениот кој знаеше да работи и кој ракуваше со машината.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ова е толку симптоматично, што сосема е чудно како судијката (В. Каловска како претседател на советот) го вреднуваше овој факт како веродостоен и му поклони безрезервна верба, кога оди далеку од секоја нормална логика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Или ако бевме спомнати како сведоци кои сметаат дека е најумно да го заборават она што го слушнале?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем сметаш дека и во тој случај ќе останевме неизвалкани?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас му ги познавав слабостите и способностите, па дури и силата, и знаев дека неговото највисоко достигнување во секоја недопустлива и срамна историја може да биде улогата на сведок кој дури и таа задача делумно ќе ја изврши.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекогаш помислувам дека таа има потреба од присуство на сведоци кои некогаш, во некој за неа многу значаен момент ќе имаат храброст да ги потврдат ваквите мигови на нејзината среќа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)