сандак (имн.) - бев (гл.)

— Затоа ли јас и собира тиа лири, да ми продаваш мене суровици и песок? — грмеше Толе на сретсело и тука пред сите селани му тргна на Ѕерѕета еден куршум од својата манлихерка, та слезе со другарите дури во Сабоцко да си ја види сметката и со Етима што му ги продал пушките на Ѕерѕета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кога ламаринените сандаци беа добро сместени во специјалниот вагон и возот, конечно, тргна кон главниот град, Татко чувствуваше дека, сепак, го остварува своето судбинско патување со митскиот Балкан-експрес кој трабаше да го врати кон Цариград. XXIII Сиџилите не беа малку.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Место берданки, Трајко најде суровици, измешани со стари палечници — да тежат, а место фишеци — сандакот беше полн со песок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лежеше; неговиот сандак беше празен и неговото тело беше скапнато, а тој беше притивнат и уплашен од тоа, со оние скржави и полугладни оброци за сите денови, што требаше допрва да дојдат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)