сала (имн.) - се (зам.)

Ова некако набрзина кога почна мајката, кога заврши? Ни пуканките не ги изедовме. Салата се испразни, а јас уште чекам.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Најпосле салата се подиспразнува и ние можеме да се доближиме до славниот камен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во салата се понесе едно потиснато шушкање што требаше да значи: зачуденост, сожалување, а можеби и револтираност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Млад офицер се дигна од своето место и почна да чита со јасен глас. Салата се умртви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Забрането е да расте сончоглед на полињата (дозволено е само негово грицкање) Во спортските сали се емитуваат репризи од документарци за здрав живот
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Најпосле салата се подиспразнува и ние можеме да се доближиме до славниот камен. Поставен е под стаклен ѕвонец и осветлен со силна зеленикава светлина.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Нушиќ забележал дека се случува нешто необично, бидејќи во салата се создал тивок жагор и видел дека се пренесува нешто од клупа во клупа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)