саат (имн.) - излезе (гл.)

Черек или пол саат излезе порано и отиде право кај конакот од Челебијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута. Со грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По половина саат излезе по битолско џаде пајтон само со еден патник и штом го напушти градот коњите летаа долу Алинци, a патникот викаше од пајтонот: — Брзо, брзо, Андоне.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)