ручек (имн.) - време (имн.)

Нунката го испи кафето, истури еден кош благослови за детето, родителите и роднините и си отиде да го земе кај ручек време и нункото со подарокот за на крштевање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кај ручек време дојдоа и гостите, на чело со нункото Милоша, си поручаа од Митрините тепсии, ја пофалија Достината нова манџа и си отидоа да разнесуваат по селото за новините што ги воведува рожденката. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедот Петко си ја јавна вчерашната машчичка, Доста се качи на другата, а Илко си плукна на опинчоките и, де бре, а бре, уште каде ручек време стасаа в село.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На плоштадот на револуцијата во Москва гладта доаѓа катаден кога е ручек време доаѓа како на волшебно килимче на лепче намачкано со маст и црвен пипер доаѓа и се клешти како гласник на светските промени се клешти и како седмоглав аждер го задева Свети Ѓорѓија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Слушна? До ручек време не доведе до еден селаните, ќе наредит Сефедин на аскерот да дадит оган од долни крај на селото до горни крај, да изгорат и мачкитe и глувците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А вие, бре, стари магариња, зашто не учите вашите деца да гледаат работата, ами правите ајдути од нив?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не стигна ручек време, слушам некој тропа на врата. Ајде, одвај викнав, слободно!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога беше ручек време, оној напред застана и извади од торбата парче леб и парче сланина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Она, кога некој проклет Турчин од соседното село им дошол точно на ручек време во дворот за да им соопшти оти уште таа вечер мораат да го напуштат селото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше ручек време. Кољо сите ги покани на печена јагула.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)