румен (имн.) - лице (имн.)

Точно е само тоа дека Ролан Јаковлевич навистина личеше на генерал. Висок, со румено лице и со длабок глас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Јас... - тивко рече девојката со тркалезно румено лице, светликави црни големи очи и долга дебела претенка, зафрлена над левата града.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Задишана и со румено лице, малечката Инес се поткрена на прсти, вратот шилесто ѝ се издолжи и, губејќи здив, застана божем случајно прегрнувајќи го преку слабините и со лицето подадено кон него.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)