рој (имн.) - мува (имн.)

Е, затоа го сереме Прењес јадејќи скаменето италијанско брашно, затоа под ова жешко сонце роеви муви не плукаат, затоа трчаме како луди зад камионите...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Цел рој муви по неговото лице, по мевот, по рацете и отечените стапала...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А по крвта на телето роеви муви, слези и летни чинат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Цели роеви муви и комарци нѐ облетуваат околу стрижените глави, ни ги поцрнуваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На челото голем пивтосан струп, а на левото рамо рој муви.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А можеш да бидеш толку нечист и валкан, што околу тебе ројови муви да се збираат, ама пушката да ти е чиста! Разбра или не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)