роман (имн.) - станува (гл.)

Така, романот станува широко епско платно со многу епистеми кои ги даваат есеистичкиот призвук на романот, неговата интелектуална полифонија и неговото мисловно, духовно и културно богатство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А со оглед на тоа дека во овој роман станува збор за едно езеро и за браните што го загрозуваат животот, може да се помисли на една друга книга, Збогум на Матиора, од Сибирецот Валентин Распутин во кој една руска селска заедница, во советската епоха, мора да го напушти своето родно огниште, зашто во името на индустријализацијата и на одлуката донесена многу далеку одовде, нивниот крај ќе биде потопен.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во секој случај, Луан Старова, со овој роман, според мое мислење, ја дава круната на својата балканска сага, но приложува и клучна книга во библиотеката на балканското разбирање и балканската археологија на знаењата и самопознанието.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Козите во овој роман стануваат симбол во одбраната на човекот од сталинистичкиот тоталитаризам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Со тоа, овој роман станува и роман- речник на балканското проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Еве го тој круцијален дел од романот на Старова: Климент Камилски најпосле се смири.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)