рок (имн.) - музика (имн.)

Југословенската поп и рок сцена во голем процент ја згрижуваше мојата глад за поп и рок музиката.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Инаку, рок групата „Џој Дивижн“ остава впечатливи траги на мапата на рок музиката во течението на седумдесетите години од минатиот век, па на крајот од истите, добива покана за турнеја во САД.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Исто така, со оглед на различните пристапи како на естетичарите на рок и поп музиката, така и на психолозите кои првенствено се заинтересирани за психичките процеси вклучени во компонирањето и изведувањето на оваа музика, сѐ уште е тешко да се одговори на прашањето дали рок музиката е хемиски индуцирана, со директното влијание на хемиски потентните материи врз невронската активност на мозокот или, пак, е автентично човечка творба само поттикната со хемиски материи, додека сиот понатамошен процес се одвива според сите законитости на оригиналната творечка активност, карактеристична за творци кои не користат вештачки поттикнувачки средства.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Поради тоа рок музиката, за разлика од т.н. сериозна музика, во себе носи поинаков облик на креативност - создавање на нови стандарди, вредности, како и скриени облици на комуницирање внатре во психоделично ориентираната супкултура.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Проценувана со естетските мерки, рок музиката сосема сигурно има одредени вредности, кои се објективни, без оглед дали ја вреднува естетичар на музиката или лаик; исто така, што не е без значење, оваа музика, создадена под дејство на психоактивни дроги, подобро и побогато ја доживуваат оние коишто самите ги уживаат истите дроги. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 145
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Руди Рукер (Rudy Rucker), инаку професор по математичка логика и љубител на рок музиката на шеесеттите, му вдахна на софтверот нов живот и скова за него нов израз „wetware”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За да ги пронајдеме изворите и паралелите на неговата монументална непробојност ќе треба да се свртиме кон Холивуд , или кон светот на рок музиката.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Верувам дека честата осуда на публиката на популарната култура како “пасивна” е избрзана, бидејќи, како што вели британскиот социолог Simon Frith, “не ја гледа комплексноста на популарната култура - 'конотативното богатство' на рок музиката ги прави лажни избрзаните осуди за пасивноста на публиката: музиката истовремено значи премногу работи” (Frith, 260).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе во претходиот параграф е најавено дека најмногу ќе зборувам за популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со малку еуфоричност можеме буквално да констатираме дека во популарната култура со некои ограничувања (што ги диктира нејзината форма и е секако добро да се знаат) се изразува сета богата комплексност на светот: можностите, чувствата, надежите, желбите, вкусовите, значењата, историите, теориите, политиките, итн.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)