ритам (имн.) - во (предл.)

Умеел Татко да извлече енергија од источните времиња, да си наложи свој ритам во животот, наспроти мојата европска забрзаност, наспроти мојот ритам кој тешко се усогласуваше со Татковиот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ми стана јасно дека, со мојата ноќешна забрзаност, по откривањето, во печатницата, на присвојувањето на Татковите сиџили, јас го бев завел овој сега вознемирен старец кој си имаше, дотогаш, своја логика и свој ритам во животот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со филмскиот фонограф сега може да се контролира амплитудата и фреквенцијата на секој од тие звуци и ритмови во рамките на фантазијата или надвор од неа.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Пријатната“ соба изгледа дека требаше да има визуелен и акустички ритам во склад со своите духовни, визуелни и тактилни квалитети.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)