рид (имн.) - над (предл.)

Постојат и ридовите над Холивуд, на коишто се наоѓаат вилите на славните актери - кои во меѓувреме или починале или пак се иселиле на Бел Ер или Беверли Хилс или Малибу, така што сега туристите се ѕверат во раскошни куќи во коишто живеат адвокати, пластични хирурзи и некогашни офицери на иранскиот шах Реза Пахлави.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Колоната како синџир се извива по ридот над селото, чиишто покриви блескаат на сонцето како распнати црвени знамиња.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Од заробениот поручник дознавме дека целта на грчките кралски единици беше да го заземат селото Смрдеш и на тој начин од запад да ги опколат единиците на ДАГ кои држеа борбени позиции на ридовите над селата Косинец, Лобаница и планината Мали – Мади.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Заспа цврсто. бела куќа на бел облак, носена од бели птици; бел чад од бел оџак, бела гитара без жици; бела музика од бел ѕид, бел славеј надвор од вид; тик-так нон-стоп часовник ѕиден, отчукува време на живот иден; лево-десно шета едно бело клатно, со бела боја црта на празно бело платно: бели гради на бела жена, легната на бела постела; сето тоа на бело знаме веено од бел призрак, качен на бел рид над кој се спуштил бел облак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Вадеше црвена земја од ридот над куќата, фрлаше во неа малку плева останата од некогаш во шталата, тураше вода, и мешаше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Одред од составот на нашите сили на Фалцата да се префрли на позиција кај селото Трстика, а чета од составот на 18-та бригада да фати позиција на ридовите над селото Крчишта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)