решетка (имн.) - и (сврз.)

Реков за што станува збор, дека не е голем проблем, дека за час може да се реши, но тие едноставно ме собраа, рекоа дека таму ќе објаснам, ме одведоа во квартниот оддел на полицијата, ме ставија во едно тесна просторија зад решетки и ме заборавија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Посилно ги обвиткува ковчестите прсти околу решетките и ги здрвува нозете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе бувне ветерот низ решетката и ќе се срони ко песок на мене, ќе ме згугурави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рамнодушен за сѐ околу себе, покорен и совладан, коњот тегне во својата запрега уште една судбина: бел, жолтоок пес, уличен мангуп, безопасен и зад решетки и на слобода.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тоа не е сѐ. Зад колата чекори третата судбина: ситнолико дете со суви усни и влажни образи; тоа се држи со двете раце за решетките и тивко, ретко, речиси нечујно липа низ раширените ноздри; погледот на влажните детски очи не се одлепува од кучето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Детето се одлепува од решетките и претпазливо му се доближува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа, висок и ишчешлан, гледајќи ја Јана мирно в очи, соопштува - тој беше луд; сега седи зад решетки и гризе малтер.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)