решеност (имн.) - дека (сврз.)

Во моето сеќавање сè уште се движеа необичните слики од сонот а помеѓу нив можев да ја распознаам и решеноста дека во мене воопшто не се јавува желба да обвинам поединци, или да сочувствувам, а ако е потребно дури и да страдам поради моето однесување во тој проклет сон иако во него се најдов не по своја вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
13. Кај фати Толе од Доброполе? Се знае. Co Мачникот и другарите си појде во Полчишта кај руса Миша, ги остави половината пари од неговиот дел, и, откако се наприкажува слатко насамо со неа и и ја потврди решеноста дека ќе бегаат заедно, се пресели кај дедот Паленѕа и се скри во неговата јама додека помине потерата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)