решеност (имн.) - во (предл.)

Решеноста во неговиот писок беше толку тврда, што во неговиот глас се извиваше и прашањето дали тој сега воопшто би отстапил пред истрелот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Делегатите од тој дел ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на земјата и за признавање на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Македонските делегати од делот на Македонија под Грција ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на Грција и признавањето на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.292
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ќе застанеше така на некоја крстосница и долго ќе ѕуреше во улицата осветлена од месечината, без решеност во која насока да се упати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На конференцијата биле присутни и претставници од британската и американската воена мисија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)