река (имн.) - ќе (чест.)

Татко беше обземен од силните напливи на својата голема егзилска интуиција дека овој град крај реката ќе му ја измени суштински замислената судбина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И реки ќе потечат и бреме ќе одвлечат на вековита смрт!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Се смета дека во 1980 година од оваа река ќе се испумпуваат годишно 3 милијарди кубни метри вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ќе истече денот како Сува Река Ќе зјае ноќта на чардакот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Како тополи сред надојдена река ќе останат енграми зашто ни времето не може да ги збрише...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сите реки ќе проплачат, сите планини ќе се навалат, и езера ќе пресушат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Имало такви години кај нас. Целата река ќе ја прекрие мраз.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во првата фаза, ќе треба да дојде до измена на текот на реката, а по завршните градежни работи, што би можело да трае две до три години, реката ќе мора да биде целосно блокирана.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Дома сум, велам, по која река ќе одам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На реката ќе ѝ речеш: „како што брза водата твоја, така да ми е брза работата моја“. 168
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)