река (имн.) - кон (предл.)

Го чувствуваше тивкото шумолење на реката на кое се надоврзуваше нашетодетско дишење и нашите многу поинакви соништа, но и тие носени од реката кон големото море, преку сите граници.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога ќе запее Барбара Скала реките кон изворите свои заминуваат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ете, - рече Проедросот покажувајќи преку оградата од дворот отаде реката кон нивчињата на падината, - ене го Методија во нивчето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Доаѓа шумарот“ - си помисли, па почна, тргнувајќи од својата колиба, да го следи со очите патот што лазеше преку Гогов Валог и преку Рамни Ливади и што под Дуковските колиби завива по реката кон селото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Опишувањето на она што го гледав одејќи од реката кон кулата, синиот пајак со златна глава го сфати како игра на зборови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Глас се разнле низ Европа: „Без прекин и без замор Рокамонболо нива копа, Ќе засади семче само!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- ... Херкул ја навртел реката кон шталите на Аугиј и ги исчистил...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
“ Е, тој Велко, се сеќавам како дете, фатил едно лето да забива колје, да трупа камења, да прави насип и да ја свртува реката кон карпестиот брег од спротива.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цветан Горски, откако се поздрави со секретарот Сретен Јаворов, чувствувајќи го неговиот цврст стег, појде крај реката кон нашата куќа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)