река (имн.) - го (зам.)

Патот кон реката го фаќаат и залудно тебе в строј те враќаат. Не си ти ко сите...
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Од другата страна на реката го сретнаа очите на куќите - безброј осветлени прозорци.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сепак, некаде на средината се влеваа во еден и како река го продолжуваа патот губејќи се некаде зад хоризонтот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Реката го лажеше - и беше пред него, и трепереше на недостижна далечина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но тие раце Се врзани во една сложена плетенка Што го создава огромниот синџир на минливоста Кралицата на реката го знае тоа Знае дека и припаѓа само нејзе, на минливоста.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тивкото ветре што струеше од реката го зафаќаше мазното лисје на мамутските тополи што долги години самееја спроти тврдината небаре решени да ја надвишат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Истата ноќ реката го проби веќе изградениот насип во средината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И одново од длабината ечеше каменливото речно корито од чеканите и од викањето на работниците и од ударите во ритам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сабајлето, кога стана жена му на Мил, виде дека дворот е полн со вода; од дождовите надошла реката го пробила насипот над куќата, се излеала и поплавила сè.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)