резерва (имн.) - кон (предл.)

Многумина не веруваа во неговото враќање како во чин на слободата, макар што тој на своја страна ги имаше Ицак Рабин, Шимон Перез и многумина други Евреи кои веруваа во соживотот, едни крај други со арапите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дарвиш повеќепати во своите настапи во светот јасно и отворено ги искажуваше своите резерви кон Арафатовата визија на мирот, која водеше преку преговорите во Осло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од своја страна екпертите на Форин офис имале одредена резерва кон сугестијата на Рендел "за подмитување на Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие не можеле да бидат сигурни дали на тој начун "ќе ги спречеле Германците да ги употребат нив против Југославија и Грција" или со тоа тој мислел дека Македонците "би биле корисни, затоа што тие се родени диверзанти и терористи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)