регион (имн.) - на (предл.)

Новиот човек, сталинист, појавен во регионот на крајот на Втората светска војна, се чувствува посилен од природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
При тоа труби, со познатиот звук на блех-оркестрите: „Единство”, „Слога”, бидејќи „Сите сме исти”; и ефикасно натурајќи само едно мерило владее со целиот регион на словенското суштество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како сега можеме да го научиме компјутерот да ги препознава овие објекти на фотографираната сцена и точно да означи кои регион на фотографијата им кореспондираат?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ми се чини дека точно приодот од видливо кон невидливо ја покажува, меѓу другото, и сега апсурдност на психеделичката уметност која докажува дека преку стимулантното дејство на психоделичкиот фактор личноста може да ги продлабочи своите доживувања на надворешниот свет и дека свеста спрема себе си ја проширува на тој начин што доаѓа до активирање на непристапните региони на психата кои во нормални услови остануваат скриени во пределот на несвесното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)