регион (имн.) - кој (зам.)

Според нивните истражувања, „Македонија, иако конгломерат од различни народи, би можела да ја оправда својата автономија врз основа на етничкиот принцип.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Синкаст регион во горниот дел на сликата би можел да биде небо; неколку региони кои составени даваат правоаголна форма би можеле да бидат добри кандидати за врата или прозорец; дел од паралелопипед може да биде кандидат за покрив и уште ако над него има регион кандидат за небо, а под него регион кандидат за прозорец, тогаш на хипотезата дека разгледуваниот регион е покрив и се припишува голема веројатност.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Од друга страна, националното повеќе би требало да се идентифицира со некои покомплексни културни, етнички и религиозни аспекти типични за регионот кој е опфатен со апстрактната категорија „национално“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Но тој "критериум не е прифатлив за провинциите (како што се Босна, Херцеговина и Македонија) кои се населени со хетерогено население" и дека "сите апологети на федерализмот се подготвени да прифатат арбитражна солуција за овој проблем, било со поделба на посебни делови или додавање на региони кои се населени со доминантно српско население на Србија и хрватски региони на Хрватска".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)