револуција (имн.) - и (сврз.)

Немскиот класичен идеализам е продолжување, во филозофијата, на идеите што ги нафрли епохата на великата француска револуција и кои во специјалните немски услови на општествениот живот добиле специфичен вид.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Борбата со трите балкански држави не им противречи на нашите интереси, кои се достигаат и со револуција и со еволуција2, или постепено развивање на нашиот народ во морално-религиозен правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дури по цела една деценија исполнета со национални војни, граѓански војни, револуции и контрареволуции во сите делови на светот, Ангсоц и неговите ривали се појавија како целосно оформени политички теории.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние веќе не знаеме буквално ништо за Револуцијата и за годините пред Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Татко, поттикнат од уверливото кажување на Камилски за револуцијата и јазиците, размислуваше еден ден, сепак, да се врати на својот напуштен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите, добивајќи нови уверувања дека војната создава широко лингвистичко движење во времињата и просторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веруваше дека во зборовите на народите со мешана судбина се кријат енигмите на балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таа Baudrillard-ова мисла нè насочува кон нов вид на машини, кон виртуелна, протетска, со телото споена машина; значи, зборуваме за реални и виртуелни машини, кои што се суштински поврзани со третата технолошка револуција и нејзината минијатуризација на деловите базирана на технологиите од 70-ите, 80-ите и 90- ите години.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Еве ја, позадинска вошко, мојата револуција и сите брадести, мускулести и ќоси големци !
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се веруваше дека Арафат не успеа да остане на висината на предизвикот што му го понуди историјата, најпрвин поради фактот што војната и мирот, револуцијата и раководењето, тешко се сообразуваат, координираат во исти личности, при што водачите на револуциите, на движењата за слобода ретко стануваат и најдобрите градители на државите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во историјата на ослободителните движења во светот ретко ќе се сретнат меѓу успешните водачи на револуциите во нивните личности и успешни градители на државите по ослободувањето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бастилја на револуциите и умирањата, по големите моменти на историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По изгубените надежи во приврзаниците на Младотурската револуција и надежите што ги пробуди побунетиот офицер Нијази Беј од Ресен за европската разврска на бунтот, настапија балканските, па светските војни.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде постои и Триумфалната капија за победниците и поразените.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)