револуционер (имн.) - кој (зам.)

Напоредно со ВМРО (Обединета), македонските револуционери кои ја имаа прифатено комунистичката идеологија, се бореа за своите национални права и слободи, условно до обединување, исклучиво во рамките на комунистичките партии на Бугарија, Грција и Кралството на СХС, подоцна Кралство Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Освен во македонските емигрантски организации во Бугарија, Македонците во периодот меѓу двете светски војни, политички активно дејствуваа, со многу мали исклучоци, само преку ВМРО-автономистичка, ВМРО (Обединета) и комунистичката партија на Бугарија, Грција и Југославија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Впрочем, тие го знаеле неговиот став и нивното евентуално среќавање можело да има само информативен карактер, Делчев, колку и да симпатизирал на нивната акција, бил револуционер кој ослободувањето го очекувал од свесната акција на широките обесправени маси и сѐ што правел на револуционерен план секогаш првенствено ги имал на ум интересите на Организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Беше тоа сојузот на поетот и револуционерот кој траеше со децении склучен со цел да се ослободи својот палестински народ и реализирањето во родната земја по долгогодишниот принуден егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Махмуд Дарвиш И така судбината сакаше да се најдам крај животите на Јасер Арафат и Махмуд Дарвиш, во времето кога тие го водеа палестинскиот народ кон слободата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)