растојание (имн.) - меѓу (предл.)

Оддалеченоста на појасите е на околу триста метри, а на шеесет метри растојание меѓу редовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се потпира на обајцата и ни го зафаќа она мало растојание меѓу нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму кајшто несвидното растојание меѓу земјата и змијата ги искушува во љубовна жега сетилата за душа: очите, прстите, јазикот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Според него, „сликата е израз на јасно растојание меѓу две уредувања на културната стварност“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)