расправа (имн.) - странка (имн.)

На првото рочиште за главна расправа странките, меѓу другото, се должни да се изјаснат дали се согласни спорот да се реши во постапка за медијација (чл. 436, ст.2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На новата главна расправа странките можат да ги изнесат само оние факти и докази кои претходно ги предложиле во текот на првостепената постапка (чл. 366, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот е должен, во споровите во кои е дозволена медијација, заедно со поканата за подготвителното рочиште [или за прво рочиште на главна расправа] да достави до странките писмено укажување дека спорот може да се реши во постапка за медијација (чл. 272, ст.2 и чл. 436, ст.3 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)