расплет (имн.) - во (предл.)

Но кој да верува дека моето патување во Албанија во потрага по вистинска претстава, создадена според зако­ни­те на уметноста и автономната вредност, ќе се престори самото во драма, при што сцена ќе биде самата земја, со расплет во декорот на Атеистичкиот музеј во Скадар, со ликови меѓу одбраните водичи по музеите, со многубројни активни и пасивни статисти од редовите на тајната поли­ција, Партијата, мои блиски по таткова и мајчина линија, во генералниот декор на родната земја со седумстотини илјади бункери?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Првата моја книга беше за мојот внатрешен свет, втората за мојот личен живот, неговите заплети и расплети во кои, за да ги минам, секогаш ми помагаше семејството. Како и љубовните драми.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)