расказ (имн.) - го (зам.)

Расказот го поместив во оваа книга, сега во твоите раце, пред твоите очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Може да се каже дека божјаците расфрлени низ расказите на Ренџов се солта на неговото раскажување, и можеби од нив потекнува главното чувство што тие раскази го будат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Расказот го примам како случка што потскажува дека на патувањето по животот најважно е да имаш исправен акумулатор во себе и тој, само тој, да ти овозможува услови за кратки и слатки задоволства во миговите на одмор.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги објавил романите Музика на вода (1982), Проспекти во пупки (1984), Крај на светот (1987) за кој ја добива Фокнеровата награда, и романот Исток е исток (1989).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу негови кратки раскази го прават токму тоа: ги претставуваат нестварностите (човекот што сонува друг човек и го воведува во стварноста, библитеката со нечитливи книги, една година содржана во минута) во коишто читателот препознава концептуализација на метафизиката и хипостаза на теологијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Првиот расказ го има објавено 1975-та во списанието Esquire (“Срцето на шампионот”), а неговиот расказ “Симнување на човекот” му ја донесе тутулата на херој на подземјето, продолжувач на раните експерименти на Барт, Пинчон и Т. Робинс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но тоа е само сличност, бидејќи типично борхесовскиот расказ не цела толку - како во конвенционалната проза - да фати “цртичка од животот”, колку да предложи нешто од аргументум тхеологицум или пхилосопхус.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Расказот „Модерна љубов“ е од збирката раскази Да е реката виски, објавена 1989-та година. Brian Rea okno.mk | Margina #32-33 [1996] 162
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Па сепак, тоа се раскази, заплети во чијшто след на настани и во меѓусебните односи на ликовите е пренесено нешто налик на животот што ни е познат од секојдневието.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)