раскажување (имн.) - е (гл.)

Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Задоволството од раскажувањето приказни е во самото раскажување. Раскажувањето е времеплов...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Можеби најсоодветната одредница на овој свет светот којшто сосема спонтано и ненаметливо, но толку живо и впечатливо, егзистира во Човекот со четири часовници ќе даде самиот автор, иако по повод неговите прочуени „анти-упатства за лична употреба“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)