раскажување (имн.) - бев (гл.)

Раскажувањата беа помешани со нејзините маки, оние секојдневни маки, оние маки што ја следат староста, тогаш имаше стоидваесет години.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот во раскажувањето беше сличен на лавина што се спушта од глуви врлежи, со татнеж, разбрането и грозоморно уривајќи на својот пат стогодишни стебла и довлекувајќи со себе мирис на покосена боровина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Низ твоето раскажување бев твој современик тука и сега, но во исто време и некаде далеку во минатото, кога нашите родители беа помлади и од нас самите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)