рамо (имн.) - од (предл.)

На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога некој ти зборува за борба, за победа, за јунаштво, а не си го видел на прва линија, во долгите ноќни и истоштувачки маршеви под дожд и големи студои, кога никогаш не влегол и не останал заедно со тебе да преспие во влажните и мувлосани земјанки, не зачекорил во калливите ровови, не му посинало рамото од носење на митралезот, минофрлачот, сандакот со муниција, носилката со ранетиот, не те посетил во болница кога си бил ранет, никогаш не каснал мувлосан леб, не пиел вода од матна и каллива локва, никогаш не сркнал од булумачот – изматеното брашно во млака вода, не пасел трева и на пролет не јадел набабрени пупки и младо лисје, никогаш не ти ги видел раните преврзани со валкани партали, загноени, црвјосани, – таквиот не ти е мил...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Темна и широколика, подвиткана од долги и осаменички дни и ни малку светица од икона, таа се враќала со секира преку рамо од плевна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Земјата полека се ослободувала од дивиот мраз кога двајца идни воденичари и посници без апостолник и без расо дошле во манастирот на светецот Никита да побараат благослов од игуменијата Минадора.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Арсо се сврте со грб кон Патрокле и се навали на рамото од Глигора кој уште спиеше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На голема Богородица дојде сликар и ги сликаше жените, потпрени на рамото од своите мажи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)