рамо (имн.) - ми (зам.)

Доаѓам пак и молчам. Очиве те бараат некаде високо, високо - твојот врв на рамо ми се потпира!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Дури и рамото ми се стресе од пукањето, а во ушите ми ѕунеше додека слушав како ехото од далечните врвови го враќаа до нас грмежот од испуканиот куршум.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)