рамено (имн.) - и (сврз.)

Ѝ се стресоа рамената и Циљка виде како меѓу прстите на мајка ѝ, потекоа солзи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога се покажав на вратата од дневната соба, ја здогледав Гала седната на тапацираното столче пред големото тоалетно огледало, со двете раце кренати над глава бидејќи очигледно си ја дотеруваше фризурата, широките ракави од бањарката паднати до над лактите, со нозете пред неа расчекорени и голи, задникот ширнат по тоа тапацираното столче како предојдено тесто, косата развеана преку рамената и по плеќите. Сигурно се готвеше за излегување.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас ги кревам рамената и ја карам Оливера.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првпат сме виделе македонски генерал со широки еполети на рамената и со црвена чоја на поработ од ногавиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги влечкаме за нозе, за рамена и ги редиме еден до друг, еден на друг.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првин ме кренал Коле, ама само што ме префрлил преку рамена и еден куршум — фрп — да му свирне в теме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само напати ќе им светнат рамената и слабините, колковите и мевот со прелапнати тутки влакна меѓу ципите...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се удираме со раце и со рамена и си ги налегнуваме сенките една преку друга...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојдовме до една врата, ја отвори и ме турна внатре. Ме фати вака за рамена и ме затвори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после наеднаш ги отпуштија кофите од рамената и удрија да трчаат кај нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претседателот имаше широки рамена и Змејко гледаше како виси со цевката надолу неговата прекрасна автоматска пушка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговите сили ископнуваа полека и жилаво, оставајќи по себе една пуста болка на увиснатост само во рамената и во тоа како можеа да бидат држени издолжените раце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас ги посматрав, не од друго туку од што немав друго да гледам, за да ме заинтересира нивната здушност на наведнати рамена и приближени глави (така не се игра карти), како во заговор што не може да се слушне, но не може и да се скрие од туѓо око.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Приоѓа до група борци пред кои мустаќлестиот коморџија Јован ги прикажува своите бескрајни смешки и му се обраќа на развиеното момче, широко во рамената и со долги раце.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)